Се исклучува Блок 2 во РЕК Битола

25

АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека РЕК Битола во текот на денот ќе го изврши планираното исклучување на Блок 2 и ќе почнат подготовките за редовниот годишен ремонт, кој што е предвиден за 25 јули 2018 година.

Според соопштението, РЕК Битола ќе го продолжи континуираното производството на електрична енергија преку Блок 3, додека пак, на Блок 1 привршува капиталниот ремонт и набрзо потоа ќе се вклучи на мрежата.

Од АД ЕЛЕМ напоменуваат дека производството на електрична енергија оди според планот и според потребите на тарифните потрошувачи, а исто така врши и продажба на вишоците електрична енергија.