Се исплати ли инвестирање во казино индустријата?

82

Со коцкање во просек се занимава една четвртина од светското население. Во последните неколку години профилот на казино индустријата забележа значајни промени. Новите правила и законска регулатива им обезбедуваат анонимност на играчите, добивките се исплаќаат прилично брзо, а онлајн казиното како концепт се развива мошне брзо.

Онлајн секторот е една интересна прилика за инвестирање во поглед на казината. Моменталната ситуација само го забрза овој сегмент од индустријата, па сега многу оператори се борат за превласт над пазарот, давајќи одлично корисничко искуство и финален производ што е клучен за привлекување инвеститори, пишува порталот Profitiraj.

Во некои земји е регистриран огромен раст на онлајн казината, па така на пример Велика Британија останува еден од најразвиените онлајн пазари за коцкање со вкупно 40% од вкупните приходи што доаѓаат од онлајн сегментот. Уште поважно, приходите имаат годишен раст од 27% во период од 2015-та до 2018-та година.

Глобално, индустријата на коцкање се дели на казина, лотарија, обложување и слично. Лотаријата зазема најголем дел од пазарот, а во 2018 година уделот на пазарот бил околу 46% или нешто над 200 милијарди долари. Од друга страна за спортското обложување се очекува најголем пораст од околу 7% на приходите на годишно ниво.

Фото: Pexels