Се очекува просечната инфлација оваа година да биде 1,4%

298

Очекувањата за оваа година, во однос на движење на инфлацијата, упатуваат на просечна стапка од 1,4%, што е за 0,2 процентни поени помалку во споредба со претходната Анкета за инфлациски очекувања на Народна банка.

За 2020 и 2021 година, очекувањата и натаму посочуваат на просечна инфлација од 1,8% и 1,9% соодветно.

Според испитаниците, умереното забрзување на инфлацијата во 2020 и 2021 година е поради повеќе фактори, како што се зголемена минимална плата, раст на цените на храната, повисока домашна побарувачка, општ раст на светските цени на примарните производи и слично.

Во поглед на економската активност, анкетираните аналитичари и натаму очекуваат реален раст на БДП од 3,1% и 3,3% за 2019 и 2020 година, соодветно, како и минимално понизок реален раст за 2021 година од 3,5%. Испитаниците ги поврзуваат ваквите очекувања со продолжување на поволните трендови од првата половина на оваа година, позитивните сигнали од олабавувањето на монетарната политика и владините мерки за поддршка на претпријатијата, оптимизмот на економските субјекти, очекуваната интеграција во НАТО и ЕУ, зголемувањето на инвестициската и извозната активност, инфраструктурните проекти најавени од државата, како и со растот на личната потрошувачка поврзан со растот на просечната плата и кредитирањето.

Фото: Pixabay