Се очекува зголемување на побарувачката на грозје во Тиквешијата

29

B8C0EFDD8B6CAF48909359EBB72B679AЉупчо Аризанов, претседателот на регионалниот сојуз на лозари Агротиквешија од Кавадарци, изјави дека годинава очекува релаксиран гроздобер и зголемување на побарувачката на грозје.

Аризанов додаде дека во најлозарскиот регион во Македонија во моментов се инвестира во три винарници.

“Една од винариите што се градат е со домашен капитал, а другите две со германски односно американски капитал. Очекуваме конкуренцијата да си го направи своето и лозарите да не го гледаат сценариото од минатото кога мораа да го даваат грозјето за џабе, а и за тие малку пари да чекаат со години. Тоа што ќе се зголеми побарувачката за грозје, но и фактот што винарските визби се празни ни дава за право да сметаме дека оваа гроздоберска сезона ќе има глад за грозје”, кажа Аризанов.

Деновиве во Тиквешијата трае бербата на трпезните сорти на грозје.