Се одржа првиот Biz Triple Talks форум за модерен општествен развој

25

Првиот Biz Triple Talks форум за модерен општествен развој, кој се одржа вчера во Форца, помина во опуштена атмосфера, со многу интересни теми и одлични спикери.

Настанот кој за прв пат се одржува во Македонија опфати три теми: првиот дел беше наменет за Социјалното претприемништво и општествената одговорност, како дисциплини кои се делумно разбрани и подпросечно спроведувани од деловниот и невладиниот сектор. Вториот дел беше наменет за женското претприемништво, како развојна иницијатива толкувана низ економска, а не феминистичка призма. И третиот дел тематски беше насочен кон иновациите во повеќе области: уметност, мода, бизнис, дигитални медиуми и апликации и кон интер – приемачот, страна која ретко кога добива признанија на корпоративно ниво, иако игра клучна улога во развојот и оддржувањето на бизнисите.

На панелите свое обраќање имаат голем број на реномирани говорници од бизнисот и невладиниот сектор.

Покрај панел дискусиите своја модна ревија имаше и дизајнерката Олгица Ѓоргиева, поддржана од Inner Wheel Club од Скопје во соработка со здружението Борка, се одржа и модна работилница во организација на порталот Stylist.mk, а одлична завршница на ваков интересен настан беше и театарската изведба на Ајде да имаме секс на режисерката Теа Беговска.

Biz Triple Talks е во организација на ПР и маркетинг агенција Honeybiz и консултантската компанија Triple S Group.