Се огласи Facebook: Работиме за да ги вратиме работите во нормала

39

Instagram, Facebook и WhatsApp пладнево паднаа, со што апликациите се недостапни за десетици милиони корисници ширум светот, според специјализираните страници за следење на вакви платформи.

Од компанијата Facebook денеска преку социјалната мрежа Twitter соопштија дека се “свесни како некои луѓе имаат проблем со пристап до нивните апликации и производи“.

“Знаеме дека некои луѓе имаат проблеми со пристап до нашите апликации. Работиме на проблемот, на работите што побрзо да се вратат во нормала. Се извинуваме поради непријатноста“, наведоа во соопштението.