Се огласи Мета: Фејсбук и Инстаграм остануваат во Европа

Неодамна  се прошири информација дека комнпанијата Мета се заканува дека ќе ги згасне Фејсбук и Инстаграм во ЕУ поради проблеми со европските регулативи за пренос на лични податоци меѓу ЕУ и САД.

Со оглед на тоа колку граѓани на ЕУ ги користат овие услуги, но и колку Мета заработува од своите европски корисници, ова сценарио изгледаше прилично неверојатно, бидејќи никој не би профитирал од тоа, пишуваат странските медиуми.

Сепак од Мета пристигнуваат смирувачки вести дека немаат намера да ги затворат своите сервиси во Европа, пренесува capital.ba.

Во соопштението се вели дека информациите за нивната наводна закана да ја напуштат Европа се невистинити: Немаме желба да се повлечеме од Европа.

Во моментов, меѓународниот пренос на податоци не изгледа како нивна најголема грижа. Вредноста на компанијата падна за еден ден за речиси 240 милиони долари, забележаа драстичен пад на бројот на корисници, а TikTok опасно им се заканува.

Француските и германските политичари претходно ја коментираа можноста за повлекување на овие социјални мрежи од Европа, наведувајќи дека би биле добро без нив.

„Откако ме хакираа, живеев без Фејсбук и Твитер четири години и животот беше фантастичен“, изјави претходно пред новинарите германскиот министер за економија Роберт Хабек.