Се огласи Римац: Доаѓаат роботски такси и новото Bugatti

Мате Римац, основачот на Rimac Automobili и Project 3 Mobility (P3), преку Facebook објави дека за десетина дена ќе биде претставено роботско такси. Во видеото снимено во кампусот Римац, Римац прошета низ објектот со автомобили во позадина и на англиски ги изложи своите планови за следните недели.

Обично не правам вакви видеа, но следните две недели имаме два големи настани“, изјави Римац. Тој додаде дека овие настани се „целосно одвоени еден од друг“. „Сакам да зборувам малку за тоа“, продолжи тој. „Прво, следната недела ќе претставиме ново Бугати. Секое ново Бугати е голем настан. Исклучително сум горд на стотиците луѓе кои работеа на него четири години, верувам дека ќе ви се допадне“, истакна тој.

„Една недела потоа ќе го претставиме роботаксито. Ќе го покажеме возилото, ќе го откриеме неговото име и ќе откриеме многу други детали поврзани со него“, рече Римац. „Тоа е нешто навистина посебно, ќе се изненадите“, додаде тој. За потсетување, Римац уште во март на Фејсбук објави: „Еј луѓе – доаѓа роботакси! Претставен на 26 јуни 2024 година“.