Се отвора фабрика за производство на струја од органски отпадоци

20

Organic-Waste-to-Energy-300x199Во селото Требош, општина Желино денес ќе биде поставен камен-темелник на фабрика за производство на електрична енергија од органски отпадоци.

Фабриката која е всушност термоелектроцентрала на биогас, е иницијатива на компанијата Електро Шарри ДООЕЛ и претставува прв проект во Република Македонија за изградба на централа која како погонско гориво го користи биогасот.

Локацијата на идната фабрика е во близината на компанија Везе Шари.

На денешната свеченост планирано е да присуствуваат министерот за економија Ваљон Сарачини и министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.