Се отвора првиот Рамстор – Експрес во Скопје

48

Со цел да го направи пазарувањето уште поинтересно, поедноставно и уникатно, Рамстор Македонија, отвора нов формат на маркет Рамстор – Експрес.

Отворањето ќе биде в среда, на 10-ти декември, во 10 часот во просториите на поранешен Family shop, во близина на Собранието.

Секогаш подготвен да одговори на потребите и желбите на неговите верни потрошувачи, со цел да биде што е можно поблиску до нив, нудејќи им услуги со кои ќе се задоволат и надминат нивните очекувања, Рамстор сега воведува нов формат на маркет Рамстор – Експрес, кој произлегува од потребата да се внесе нов момент при пазарувањето, односно купување со брзина достапна за сите.

Новиот формат се карактеризира со помала површина, избор на производи кои се најнеопходни за потрошувачите – едноставно кажано – маалски маркет, со безброј бенефити, што ќе им овозможи на потрошувачите да заштедат во време и да искористат многубројни акции и промоции како и во големите супермаркети.