Се подготвува најголемото купување на акции во историјата

69

Wall Street се подготвува за влевање на неколку милијарди долари свеж капитал оваа недела, што ќе го испумпуваат мали инвеститори, откако парите од пакетот економски стимулации “легнаа“ на нивните сметки денес.

Vanda Research проценува дека малите инвеститори најверојатно ќе купат акции за три милијарди долари откако на Американците ќе им бидат префрлени 1.400 долари  од државата (стимулативни чекови).

U tom bi slučaju dnevni promet porastao za 1,5 milijardi dolara u odnosu na prosjek posljednjih nekoliko mjeseci. “To će biti daleko najveća dnevna kupovina malih ulagača ikada”, kaže za Financial Times Erik Liu, direktor istraživanja u Vanda Researchu.

Во тој случај, дневниот промет би се зголемил за 1,5 милијарди долари во споредба со просекот од последните неколку месеци.

“Тоа ќе биде убедливо најголемо дневно купување на мали инвеститори досега“, изјави Ерик Лиу, директор за истражување на  Vanda Research, за Financial Times.

Истражувањето на Deutsche Bank покажува дека младите Американци ќе потрошат значителен дел од парите што ги добиваат од државата (стимулативни чекови) за купување акции.

Одговорите на истражувањето спроведено меѓу 430 мали инвеститори покажале дека половина од младите на возраст од 25-34 години планираат да потрошат 50% од нивните стимулативни исплати на акции, што ја наведува германската инвестициска банка да каже дека “голема сума на претстојните чекови за стимулации во САД најверојатно ќе најдат пат до акциите”.

Фото: Pixabay