Помошта од државата ќе ја искористат за купување на акции

49

Истражувањето на Deutsche Bank покажува дека младите Американци ќе потрошат значителен дел од парите што ги добиваат од државата (стимулативни чекови) за купување акции.

Одговорите на истражувањето спроведено меѓу 430 мали инвеститори покажале дека половина од младите на возраст од 25-34 години планираат да потрошат 50% од нивните стимулативни исплати на акции, што ја наведува германската инвестициска банка да каже дека “голема сума на претстојните чекови за стимулации во САД најверојатно ќе најдат пат до акциите”.

Младите на возраст од 18 до 24 години кои учествувале во истражувањето планираат да користат 40% од стимулациите на купување акции, а испитаниците на возраст од 35 до 54 години, планираат да искористат 37% од ваквата финансиска помош за да инвестираат на берза. Испитаниците постари од 55 години изјавиле дека ќе инвестираат само 16% во акции.

Интернет анкетата, предводена од стратегот на Deutsche Bank, Параг Тате, објавена кон крајот на минатиот месец, покажа дека испитаниците планираат да инвестираат голем дел (37%) од кој било иден стимул директно во акции, што може да претставува значителен прилив на пазарот од 170 милијарди долари.

Фото: Pixabay