Во годинава што изминува, 29% од раководните позиции во компаниите биле доделени на жени, што е највисока бројка досега.
Според пресметките на Catalyst, речиси половина или 43% од директорите во секторот човечки ресурси се жени во споредба со процентот на жени директори во секторот продажба којшто изнесува 17%.
Во Источна Европа жени на раководни функции има 32%, во Азија – Пацифик 28%, во ЕУ тој процент е 28%, во Северна Америка 31%, а во Јужна Америка 25%.
Во Европската Унија еден од тројца менаџери е жена. Најмногу од нив се во Франција 37,6%, во Велика Британија 37,2%, Шпанија 35,9%, Швајцарија исто толку, додека во Германија тој процент е 30,6%.
Во најголемите јавно котирани компании во ЕУ во 2019 година, само 17,6% од директорите се жени, а процентот на жени извршни директори изнесува 6,9%.
Фото: Pexels