Се повлекува извршниот директор на Sainsbury’s

30

Британскиот ланец на супермаркети, Sainsbury’s објави дека извршниот директор Мајк Коуп си заминува од позицијата, пренесува ВВС.

Коуп беше на оваа позиција скоро шест години, а во тоа време се случи и неуспешниот обид за преземање на конкурентот Asda. На местото на Коуп ќе дојде Сајмон Робертс, кој е главен за трговија на мало.

“Ова за мене лично е многу тешка одлука. Никогаш не е вистинско време за повлекување, но како што се развива нашиот бизнис и индустријата, тогаш верувам дека сега е вистинско време за мојот наследник“, изјави Коуп.

Тој ќе ја отстапи позицијата на крајот на мај, а ќе се пензионира во јули.

Фото: Facebook