Се продава брендот на Adria Airways

112

Банкротираната словенечка авиокомпанија Adria Airways објави повик за обврзувачки понуди за името (брендот) на компанијата по цена од 100.000 евра, а понудите се прифаќаат до 6-ти јули.

Според повикот, објавен на веб страницата на Националната агенција за јавноправни записи и сродни услуги на крајот ќе бидат разгледани само понудите со безбедносен депозит од 15.000 евра.

Сите понудувачи ќе бидат информирани за исходот во рок од 15 дена по крајниот рок за поднесување на понудите, пренесува Slovenia Times.

Adria Airways е во стечај од октомври минатата година. Неговата стечајна вредност се проценува на 6,2 милиони евра.

На крајот на јануари, оперативните дозволи на авиокомпанијата беа продадени на аукција за 45.000 евра на Air Adriatic, компанија неодамна основана од словенечкиот бизнисмен Изет Растодер.

Фото:Pixabay