Се продава најголемиот синџир на стоковни куќи во САД

22

Kohl’s доцна во понеделникот објави дека влегол во тринеделен „ексклузивен период на преговори“ за потенцијална продажба со Franchise Group (FRG), холдинг компанија која веќе поседува неколку трговски марки.

Franchise Group предложи да го купи Kohl’s за 60 долари по акција, што би го чинело Kohl’s околу 8 милијарди долари, околу 5 пати повеќе отколку што вредеше минатата недела и пред објавувањето на оваа информација, пишува The Wall Street Journal.

Со повеќе од 1.100 продавници во САД и приближно 19 милијарди долари годишна продажба, Kohl’s е најголемиот синџир на стоковни куќи во Соединетите држави.

Но, целиот сектор на стоковни куќи со години е во структурен пад поради притисокот од Amazon, како и Walmart и Target.

Kohl’s не е единствената компанија која се соочува со слични проблеми. Компании како Sears, JCPenney, Neiman Marcus, Barney’s и други поднеле барање за стечај во последниве години.

Компанијата испроба неколку пристапи за да привлече клиенти и да ги одбие конкурентите, но стратегиите не доведоа до големи подобрувања кај Kohl’s.