Се продава некогаш највредната компанија во Америка

39

Мултинационалната компанија ArcelorMittal SA од Луксембург, вториот по големина производител на челик во светот, ја разгледува понудата за купување на US Steel Corp. ArcelorMittal SA претходно го продаде најголемиот дел од своите операции во САД и се фокусираше на пазарите во пораст, како што се Индија и Бразил.

ArcelorMittal SA, наводно, разговара за можна понуда со своите инвестициски банкари, пренесува Reuters повикувајќи се на извори. Доколку објават понуда, тоа би можело да сигнализира ескалација на процесот на наддавање за US Steel кој веќе е во тек. Компаниите Cleveland-Cliffs и Esmark Inc. понудија повеќе од седум милијарди долари.

Изворите инсистираа на анонимност бидејќи разговорите се доверливи, а претставниците на ArcelorMittalи US Steel не коментираа.

US Steel е компанија основана во 1901 година од индустријалци, вклучувајќи ги Џон Пиерпонт Морган и Ендру Карнеги. US Steel е првата американска компанија која достигна пазарна вредност од една милијарда долари. Во раните години на 20 век, компанијата произведуваше околу една третина од вкупната количина на железо, додека денес тој удел е околу 0,7 отсто.

Фото: Pixabay