Се продава Porsche 911 Carrera RS 2.7 што му припаѓаше на Пол Вокер

32

На аукција ќе се продава фантастичен примерок на Porsche 911 Carrera RS 2.7 од 1973 година, а посебен е и затоа што му припаѓал на починатиот холивудски актер Пол Вокер.

Поради неговата исклучителна состојба, како и поврзаноста со Вокер, се очекува автомобилот да достигне рекордна цена на аукција, а вредноста на ова Porsche моментално се проценува помеѓу 850.000 и 1.060.000 долари.

Станува збор за модел кој е меѓу најлегендарните, произведен е во март 1973 година како еден од само 1.580 примероци. Обоен е во светло жолта боја, додека телото е украсено со црни детали. Автомобилот поминал малку повеќе од 94.000 километри и бил реставриран од Autobahn Interiors од Сан Диего, Калифорнија. Jerry Woods Enterprises ја обнови погонската единица, сопирачките и суспензијата. Porsche ги има познатите Fuchs бандажи кои изгледаат совршено како и остатокот од автомобилот.

Возилото ќе се продава со детална документација што ја докажува неговата историја, вклучувајќи и FIA сертификат за учество во трките од Групата 4 и Групата 3 од Touring Series.

Овој автомобил без сомнение е ѕвезда на колекцијата на Вокер, кој собирал различни фантастични автомобили. Тој поседувал неколку примероци на BMW M3, Carrera GT, неколку примероци на Nissan Skyline и многу други автомобили.