Градоначалници и претставници од општините од Северо-источниот плански регион денеска ги разгледуваат состојбите со отпадот и начинот на негово рециклирање и складирање.
На средбата присуствуваа и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, тим лидерот на проектот Теофанис Лолос и раководителот на Регионалниот одбор на Северо-источниот плански регион Атина Мургашанска.
Северо-источниот и Источниот, според Мургашанска, се први региони во Македонија, кои ќе добијат европски интегриран систем на управување со отпад со европски пари, преку ИПА фондовите.
“Ќе овозможиме граѓаните да добијат депонија, согласно сите стандарди и да се договорат за современа инсталација, која ќе овозможи најсовремено и најеколошки оправдано управување и справување со отпад”, рече Мургашанска.
Едно од можните сценарија што ќе бидат презентирани е изградба на фабрика за спалување со отпад, односно Инцелератор.
Заменик министерот Темелковски посочи дека процесот на приближување кон ЕУ наметнува значителни барања за финансирањето, но и за зајакнување на капацитетите, институционално преструктурирање и внатрешно организирање.
“Со донесувањето на одлуката за искористување на европските предпристапни фондови, Источниот и Североисточниот регион се промовираат во лидери во воспоставувањето на еден современ и модерен интегриран систем на управување со отпад во државата. Ваквиот пристап овозможува отворање нови хоризонти во областа на менаџирањето со отпадот, што секако претставува значаен сегмент во заштитата на животната средина”, рече Темелковски.
Тим лидерот на проектот Теофанис Лолос нагласи дека мора да имаме систем за собирање, составен од две канти, една за био-отпад и за материјали за рециклирање. Ќе бидат потребни и капацитети каде ќе може да се разработува био-отпадот и материјалите што може да се рециклираат.
Почетна Новости Македонија Се разгледуваат состојбите за рециклирање на отпадот во Северо-источниот плански регион