Се укинува здравствената партиципација за деца од семејства – корисници на социјална помош

20

okДецата чии родители се корисници на правото на социјална парична помош се ослободуваат од плаќање на здравствената партиципација. Со мерката, што вчера беше донесена од страна на владата, ќе бидат опфатени 24.267 лица и за таа цел од буџетот се издвојуваат речиси 20 милиони денари.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, министерот за здравство, Венко Филипче и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски денеска беа во посета на Здружението на просветни работници и заштита на правата на жените и децата – Лил, организација којашто ја покрена иницијативата за ослободување од плаќање на здравствена партиципација за децата од семејства во социјален ризик.

Министрите се сретнаа и со корисници на социјална помош кои директно се соочуваат со големи проблеми при обезбедувањето здравствени услуги за нивните деца поради неможноста да платат партиципација, што негативно се одразува на нивниот раст и развој.

“Се надевам дека со оваа мерка на младите ќе им обезбедиме квалитет во здравјето и дека нивните родители понатаму нема да се колебаат дали да ги однесат на лекар, дали имаат средства за да ја платат партиципацијата, туку ќе добијат континуирана грижа за нивното здравје’’, изјави Сарита Јашарова од здружението Лил.

Социјално- здравствена мерка, која засега многу граѓани, беше иницирана од организација којашто делува во општината Ѓорче Петров.