Платформата Sea Explorer им нуди на клиентите на Kuehne + Nagel лесен и директен пристап до поморските услуги. Со пристап до повеќе од 3.000 бродови и повеќе од 750 директни неделни услуги, мрежата Kuehne + Nagel обезбедува максимална флексибилност во глобалниот транспорт за сите видови трговија. Единствената понуда на Sea Explorer се базира врз високото ниво на интеграција и партнерство со сите главни превозници.
Sea Explorer претставува продолжување на лесно достапните понуди на Kuehne + Nagel којашто се базира на деловна интелигенција добиена од различни оперативни податоци како алгоритмите изградени од индустриската експертиза што се поврзани со големи податоци и предвидлива анализа, обезбедена од компанијата за податоци LogIndex на Kuehne + Nagel.
Во Sea Explorer, услугите се рангирани со помош на паметни показатели, вклучувајќи динамички показател за сигурност (DRI), резултат на емисија, номинален преглед на носивост и реални транзитни времиња за секоја услуга. Затоа, преку Sea Explorer, дури околу 75% од производите пристигнуваат навреме и покрај сите предизвици со коишто се соочува морскиот транспорт.
Kuehne + Nagel е посветена на заштита на животната средина и зачувување на океаните и биодиверзитетот. Затоа активно ги поддржуваме клиентите да ги намалат емисиите на јаглерод диоксид во синџирот на снабдување.
Ото Шатх, член на Управниот одбор на Kuehne + Nagel International AG, одговорен за Seafreight вели дека високите нивоа на транспарентност на податоците се од најголема важност во логистиката. Преку Sea Explorer нашите клиенти ќе можат да пристапат кон најголемото портфолио на услуги за поморски превоз во светот. Така, тие можат да ги засноваат своите одлуки на веќе докажаната безбедност и сигурност на услугите на компанијата. Целта е обезбедување на максимална видливост, флексибилност и информации за нашите клиенти ширум светот, а токму Sea Explorer е уште еден важен чекор во нашиот приод за дигитализација.
Sea Explorer е проект што допрва ќе се подобрува благодарение на добрата соработка со клиентите.