Seavus домаќин на првиот NASA Space App Challenge во Македонија

20

nasalogoЗа прв пат во Македонија, а втор пат во историјата на NASA, ќе се одржи глобалниот настан Space App Challenge во партнерство со македонската ИT компанија Seavus.

NASA Space App Challenge е 48 часовен hackathon чија цел е решавање предизвици за изнаоѓање корисни open-source решенија за глобалните потреби на животот на Земјата и вселената.

Програмери, инженери, научници, студенти, експерти, професори и ентузијасти ќе работат групно на десетина различни предизвици за изнаоѓање на хардверски и софтверски корисни решенија за подобрување на иднината и светот во кој живееме.

Најдобрите решенија ќе бидат високо наградени, а проектите ќе бидат оценувани од реномирани стручни лица од индустријата и академијата за подоцна да се вмрежат со победничките решенија на интернационално ниво.

Настанот ќе се оддржи на 75 локации во светот на 20 и 21 април и ќе инкорпорира предизвици од хардвер, софтвер и визуелизација на податоци.

NASA, Seavus и останатите партнери ги покануваат и охрабруваат сите програмери, инженери, ентузијасти и креативни луѓе да се пријават на Space App Challenge и да помогнат во создавањето на идејни решенија кои можат да им одговорат на локалните и глобалните потреби.

Менаџментот на Seavus изјавува дека со голем ентузијазам и гордост влегуваат во овој проект кој ќе ги истакне македонските ИТ експерти и ќе ја стави Македонија на светската мапа на напредни технологии