Seavus Едукативниот и Развоен центар го отвoра летото со бесплатна летна школа

20

Creative-sprin-break

Seavus Едукативниот и Развоен центар најавува уникатен и креативен почеток на летото преку тридневна школа под називот Креативен почеток на летото.

Во пресрет на новата академска година, на почетокот на ова лето, поточно на 22, 23, 24-ти јуни, едукативниот центар преку своите три академии организира бесплатни предавања, работилници, панел дискусии и менторски средби со идните дизајнери, мрежни инженери и програмери. За нив е подготвена тридневна бесплатна летна школа во која новите студенти одблизу ќе се запознаат со програмата на трите академии, со координаторите, колегите и предавачите. Во рамки на школата ќе бидат организирани и менторски средби, креативни предизвици, интересни работилници, одлични предавања и секако многу дружење и забава.

Најважниот дел од програма ќе биде предизвикот за освојување на целосна стипендија за најатрактивниот пакет на СЕДЦ – едногодишните Академии. Предизвикот кој ќе биде зададен третиот ден и на истиот ќе може да учествуваат сите учесници на летната школа. Најдобрите 3ца ќе добијат ексклузивна можност да студираат бесплатно  на соодветната насока – Дизајн,  програмирање или компјутерски мрежи.

Seavus Едукативниот и Развоен центар веќе шест години успешно работи на пазарот преку трите академии: дизајн, програмирање и мрежни инженери. Во својата категорија на академии преставува предводник и лидер на пазарот.