Сеавус Инкубатор ја најавува предакцелераторската програма за ИТ стартапи

20

programa_seavus-incubator_2017

Сеавус Инкубатор го отвори вториот повик за аплицирање на предакцелераторската програма којашто е наменета за ИТ стартапи од Македонија, стои во соопштението.

Преку 6-неделната програма, претприемачите ќе се стекнат со бизнис знаење, вештини и алатки, со цел да направат прототип, да лансираат производ на пазарот или да го финансираат својот бизнис. Програмата ќе заврши со Инвестициски ден каде што сите стартапи ќе можат да ги презентираат своите идеи пред бизнис ангели, фондови на ризичен капитал, инвестициски куќи и институционални инвеститори.

Учесниците повторно ќе работат со докажани ментори – професионалци со различна експертиза за развој на производ, изработка на бизнис план, маркетинг, финансии, итн.

Аплицирањето трае до 15 септември, додека програмата започнува на први октомври 2017 година.

Сите заинтересирани компании можат да аплицираат на веб страната на Сеавус Инкубатор: www.seavusincubator.com.