Seavus на натпревар за најдобри апликации за iOS платформата BestAppEver

23

yatsiДве игри на македонската компанија Sеavus си обезбедија место во десетте најдобри мобилни и online игри, во категоријата за најдобри игри со коцки и во категоријата за најдобри казино игри, на светскиот натпревар за најдобри апликации за iOS платформата BestAppEver.

Игрите на оваа компанија, која веќе 13 години успешно работи на светскиот пазар за напредни технологии и софтверски решенија, успеаја да влезат во конкуренција од 70.000 апликации.

Апликациите на Sеavus се борат рамо до рамо со светски најпознатите компании за игри Zynga, Big Fish, Playtika и Electronic arts.

Првата номинирана игра на Seavus е Yatzy Ultimate, како една од најдобрите десет игри со коцки на светско ниво. Играта е најомилена меѓу играчите од Скандинавија и Америка, а бројот на играчи од целиот свет досега достигна 1.200.000. Yatzy Ultimate е достапна за сите уреди на пазарот, во платена и бесплатна верзија: iOS, Windows 8 и Windows phone.

Втората номинирана игра е Black Jack Ultimate, како една од најдобрите десет казино игри во светот. Оваа игра ја играат милиони играчи од цел свет, а најголем број се од Америка. Black Jack Ultimate достапна е бесплатно за iOS уредите.

Овој натпревар се организира еднаш годишно, од страна на Steel Media Network, светски лидер во маркетингот на апликации.

Гласањето за најдобри мобилни и on line игри се одвива на следните линкови:

Најдобри игри со коцки: Yatzy Ultimate

Најдобрите казино игри: Black Jack Ultimate