Seavus одбележа 15 години постоење

65

DSC_1840

Последниве две декади сведочиме технолошки развој со вртоглава брзина, кој носи иновации, производи и услуги што го подобруваат животот на модерниот човек. Експертите од оваа област најавуваат дека и следните години ќе живееме во динамичен дигитален свет. Во таа светска технолошка динамика,  денес, со целосно право, можеме да тврдиме дека припаѓа и македонската ИТ индустрија. Најдобар доказ за тоа е најпознатиот домашен ИТ бренд Seavus кој во саботата на 13 септември го прослави својот 15 роденден.

Настанот беше одбележан со ретроспективен документарец кој ги сублимираше сите значајни моменти од развојот на компанијата, но и на културата која Seavus ја гради низ годините.

“Ова не е роденден само на компанијата, туку е јубилеј на сите колеги кои се дел од неа. Да изградите бренд кој создава, продава и расте е еден успех, но вистинска чест и гордост е да изградите нова култура, кауза и движење, кое светски компании го препознаваат и стотици вработени се врзуваат за него“, објаснуваат од менаџментот на Seavus.

На настанот, беше приреден музички спектакал за кој се погрижија музичките изведувачи, но и вработените на Seavus кои овој јубилеј го доживуваат на персонално ниво.

По повод овој јубилеј, компанијата додели и 5 стипендии на најдобрите кандидати студенти, кои ќе го продолжат своето образование на академиите во рамки на Seavus Едукативниот и Развоен Центар.

Со присуство во 6 земји во светот, 11 канцеларии, 600 вработени, 3.500 клиенти и милиони корисници, Seavus претставува бренд од светски ранг и симбол на модерниот развој.