Seavus oтвори нова канцеларија во Цирих

24

Seavus-LogoЗголемување на меѓународната присутност на најголемата ИТ компанија во Македонија и регионот продолжува во 2013 со уште поамбициозна динамика. Имено, следејќи ја својата стратегија за глобална експанзија, Seavus во февруари 2013 година отвори нова канцеларија во Цирих, Швајцарија. Согласно развојните планови, канцеларијата во Цирих се планира да порасне до 10 вработени со врвна стручна експертиза од областа.

Оваа македонска компанија која е основана пред 13 години, веќе подолго време е сериозна конкуренција на многу светски брендови од ИТ индустријата, а со тоа брендот Seavus веќе ужива висока меѓународна репутација како кај највискорангираните светски клиенти, така и кај конкуренцијата од Европа и САД.

Менаџментот на компанијата открива дека до крајот на оваа година ќе се отворат уште две канцеларии во Европа, согласно зацртаните развојни планови.