Seavus со донација за ФИНКИ

43

seavus

Студентите на предметот Вградливи компјутерски системи при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, од септември ќе работат со современи едукативни развојни системи со чија помош лесно и брзо ќе навлезат во тајните на вгнездените технологии благодарение на донацијата на најголемата ИТ компанија во Македонија, Seavus.

Донацијата се состои од комплет електронски плочки кои содржат модерен микроконтролер и широка палета на периферни интерфејси за поврзување со други вгнездени системи или дигитални уреди. Комплетот е систем изграден на начин кој ќе овозможи едноставна изработка на вгнездени системи за најразлична намена, вклучувајќи и едукација на студентите кои сакаат да ги изучуваат технологиите кои се користат за изработка на вгнездени системи.

На овие системи студентите ќе може да ги тестираат своите софтверски решенија, да ги прилагодуваат за различна намена, да изведуваат мерења на перформансите и постапно да ги изучуваат методите за комуникација преку популарните интерфејси како што се: USB, UART, SPI, I2C и слични.

Seavus  во изминатиот период постојано го зголемува обемот на соработка со техничките факултети во земјата, а донацијата за ФИНКИ е само една во низата планирани да се реализираат во следните академски години.