Пред Божиќните и новогодишните празници, британскиот ланец стоковни куќи Harvey Nichols направи сосема различна кампања од оние на кои сме навикнати да ги гледаме и слушаме во ова време. Кампањата оди под мотото “Извини, се потрошив на себе” (Sorry, I Spent It On Myself), а поентата е ако дадеш помалку на другите, ќе остане повеќе за тебе.
“Во овој период од годината може премногу лесно да ве зафати духот на давање. Нашата колекција на подароци Sorry, I Spent It On Myself ќе им овозможи на нашите клиенти да купат подароци за помалку пари и да можат годинава да се “разгалат” себе си”, вели маркетинг директорот во Harvey Nichols, Јулија Боув.
Агенцијата која стои зад проектот е adam&eveDDB.