Сечат стогодишни маслинки за да ги намалат трошоците

66

Во Шпанија се сечат стебла од маслинки стари и по сто години и ги користат за огрев или ги продаваат бидејќи производителите на маслиново масло се насочуваат кон помлади и попродуктивни сорти со надеж дека ќе ги намалат трошоците, пренесува Гардијан.

Се верува дека на овој начин ќе се намалат трошоците за производство за повеќе од 70%.

Производителите на маслинки се соочуваат со пад на цената на маслиновото масло и дополнителен данок од 25% што го воведе администрацијата на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп за увоз на маслиново масло од Шпанија.

По големиот пад на цените што влијаеше на профитабилноста на производители, шпанската индустрија на маслиново масло забележаа благ пад, иако цените и понатаму се на ниво од 2018 година.

Фото: Pexels