Седум лекции од омилената бизнис книга на Бил Гејтс

2

kniga

Бил Гејтс неодамна обелодени дека неговата омилена бизнис книга е Бизнис авантури (Business Adventures) – колекција статии од 1969 година на New Yorker од Џон Брукс, што го илустрираат формирањето на современата американска корпорација. Гејтс кажа дека во 1991 година го прашал Ворен Бафет која му е омилената бизнис книга и Бафет му одговорил со испраќање на неговата лична копија од Бизнис авантури. Бил Гејтс се вљубил во книгата и напишал: Делото на Брукс е одличен потсетник дека правилата за водење на успешен бизнис и создавање на вредност не се променети. Човечкиот фактор е од суштинско значење за секој бизнис потфат. Не е важно колку совршен производ имате, производствен и маркетинг план, сепак потребни ви се вистинските луѓе кои ќе ги водат и имплементираат тие планови, објави Business Insider.

Прочитајте ги седумте клучни лекции од Бизнис авантури, што се уште се применуваат денес и придонесуваат за постигнување на успех.

1. Иноваторите треба да продoлжат со иновациите

2. Не пуштајте во промет производ пред да биде подготвен

3. Корпоративната култура е многу важна

4. Не дозволувајте егото да го спречи истражувањето

5. Не се доведувајте во ситуација од која што не можете да најдете излез

6. Ако не успеете, прифатете, научете и продолжете понатаму

7. Менаџерите мора да комуницираат јасно со вработените