Руските аеродроми затворени 2.860 пати поради дронови, загуби до три милијарди евра

Руските аеродроми беа затворени 2.860 пати во текот на првите осум месеци од оваа година поради активирањето на планот „Килим“, кој се воведува од безбедносни причини поради закани од напади со беспилотни летала, што е 4,5 пати повеќе отколку во истиот период минатата година, објави руското издание на списанието „Форбс“.

Според проценките на експертите, загубите на руските авиокомпании поради ограничувањата на работењето на аеродромите би можеле да достигнат помеѓу 175 и 275 милијарди рубли (околу 1,94 до 3,05 милијарди евра) за првите девет месеци од оваа година.

Во истиот период, околу 24.000 летови беа погодени од ограничувањата, при што 13.000 беа одложени, а 11.000 откажани.