Шест мали “трикови“ што ќе ве направат попаметни

Фото: Pexels

Интелигенцијата се развива во текот на целиот живот. Затоа мудро е да се искористи се што би помогнало за нејзиното развивање.

Користете природно светло

На зголемувањето на коефициентот на интелигенција или IQ, влијае светлината на којашто сме изложени. Според одредени истражувања и студии, многу подобро ги завршуваме работните обврски кога сме изложени на природна светлина, отколку кога сме “под“ вештачко светло. Со изложувањето на природна светлина може да влијаете на подобрување на менталната будност, како и на успешното фокусирање.

Гледајте во природа

Природното опкружување претставува вистински лек за мозокот и душата. Честите излети во природа можат да влијаат на вашата креативност и успешност при извршување на задачите. Според спроведени истражувања, за полесно и побрзо да донесуваме одлуки, да решаваме проблеми и стратешки да планираме, важен е одморот во природа. Прошетајте во парк кога ќе ви се укаже можност, вдишете чист воздух и оставете на природата да го направи останатото.

Движете се

Физичкото здравје и физичката активност е од големо влијание за човековата психа, како и за поуспешна работа. Физичките вежби му помагаат на нашиот организам да ги исфрли сите непотребни материи што ја забавуваат работата на нашиот мозок и влијаат на креативноста, како и брзото реагирање при донесувањето на одлуки.

Поминувајте повеќе време на сонце

Природата и физичката активност успешно влијаат на функционирањето на нашиот организам, а сонцето ни го дава потребниот витамин Д. Тоа ја подобрува нашата способност за помнење и вештината за обработка на информациите.

Заспивајте порано

Сонот е неопходен за да можете да функционирате. Кога сме наспани, одморени сме и подготвени за новиот работен ден и за решавање на престојните задачи. Според едно истражување, во текот на спиењето, течностите околу мозочните ќелии ги отстрануваат штетните протеини коишто се појавуваат во мозокот кога сме будни. Добриот сон и одмор не прават поефикасни, фокусирани и подготвени за донесување на нови одлуки.

Запишувајте се`

Не е битно дали на вашиот телефон, на вашиот таблет или во бележник, важно е да ги запишувате сите информации и податоци за состаноците. Пишаната информација повеќе се помни, отколку кажаниот збор.