Седум работи што влијаат на вашата волја и донесувањето одлуки

33

vrati

Фото: Pixabay

За многумина самоконтролата претставува најголема маана на нивните карактери. Одлуките што ги донесуваме се тесно поврзани со волјата што ја поседуваме. Семејството во кое сме израснале, бројот на одлуки што сме ги донеле до сегашниот миг и што прават нашите пријатели, сето тоа на чуден начин влијае на одлуките што ги донесуваме. Погледнете зошто е тоа така:

1. Важните одлуки донесете ги наутро, пред да доживеете “опаѓање на егото“

Фројд претпоставува дека егото зависи од индивидуалните ментални активности што го инволвираат трансферот на енергија. Неговиот експеримент демонстрира дека постојат ограничени резерви на ментална енергија за самоконтрола. Како што “тече“ денот, така се намалуваат и вашите резерви на енергија.

2. На вашиот мозок му е потребна гликоза за да може да донесе добри одлуки

Дури и најмудрите луѓе не донесуваат одлуки кога се уморни и кога нивото на гликоза им е ниско. Од тие причини вистински мудрите луѓе не прават преструктуирање на компанијата во 16 часот. Тие не донесуваат големи компаниски одлуки за време на коктел забавите. Доколку одлуката треба да се донесе доцна во денот, тие знаат дека тоа не треба да се прави со празен стомак. Истражувачите на пазарот го откриле ова пред многу децении. Тие откриле дека потрошувачите кои се исцрпени по многуте донесени одлуки и се со намалена волја, најлесно “паѓаат“ на искушенијата, како што се чоколади, бомбони или сокови или било што ќе им го подигне нивото на шеќер во крвта.

3. Откако ментално ќе се исцрпите, поголема е веројатноста дека ќе донесете погрешни одлуки

Да се постигне компромис е една од најкомплексините човечки способности и една од првите кога се намалува волјата. На крајот од денот кога сте физички и ментално исцрпени, поверојатно е дека ќе го одложите одењето во теретана после работа и ќе одите на пијачка со пријателите.

4. Стекувањето на рутини ќе ви помогне да го елиминирате стресот и да ја зачувате енергијата за донесување на важни одлуки

Најуспешните луѓе не ја користат волјата во последниот момент за се одбранат самите себе и да ја спречат катастрофата. Наместо тоа, тие ја зачувуваат волјата преку стекнување на ефективни навики и рутини на работа, со цел да го редуцираат нивото на стрес во нивните животи. Тие ја користат нивната самоконтрола не за ги надмината кризите, туку за да ги одбегнат. Мудрите луѓе одвојуваат доволно верме за да го завршат проектот, ја носат колата на автомеханичар пред да се расипе.

5. За повеќе волја, спијте повеќе

Истражувањата покажуваат дека лишувањето од сон (спиење помалку од шест часа) е исто како да сте опијанети. Лишувањето од сон влијае на префронталниот кортекс – дел од мозокот што е поврзан со донесувањето на одлуките. Кога не сте наспани, префронталниот кортекс е тешко погоден и има помала контрола над делот на мозокот што создава желби и реагира на стресот. Така мозокот ги пренагласува реакциите на секојдневниот стрес и искушенија.

6. Вашата потсвест игра важна улога во донесувањето на добрата одлука

Психолозите препорачуваат да отспиете пред да донесете важна и комплексна одлука, затоа што вашето свесно внимание е лимитирано и потребна ви е помош од потсвеста. Доколку не сте во можност да го одложите донесувањето на одлуката, од голема помош ќе ви биде да се насочите кон друга активност. Фокусот на други нешта ќе ви ги пренасочи мислите од дилемата и ќе и овозможи на потсвеста да делува.

7. Вашите одлуките се оформени од вашите семејства и пријателите

Откритијата на науката од областа на социјалните групи, покажуваат дека многу нешта што ги мислиме како индивидуи се всушност резултат на влијанието на околината. Сите сакаат да припаѓаат во колективот и научниците докажале дека доколу вашиот најдобар пријател е дебел, има 57% поголема шанса и вие да се здебелите, а ако се откажува од цигари, имате 37% поголема шасна и вие да се откажете.