Седум трикови како да ги натерате луѓето да го направат тоа што го сакате

32

palec-gore-pixabay

Фото: Pixabay

Една од најголемите психолошки мистерии е: Како да ги натерате луѓето да го направат тоа што вие сакате? Научниците долго време ја проучуваа оваа тема и пробаа многу тактики за да успеат да ги пронајдат вистинските. Во продолжение седум трикови што ќе ви помогнат во тоа:

1. Доделувајте комплименти

Комплиментите стимулираат специфичен дел во мозокот што ќе ви овозможи подобар перформанс. Сите сакаат да слушаат како некој им дели комплименти, тоа им влијае на зголемување на егото. Тие ќе се чувствуваат подобро во врска со себеси, што вас ќе ве одведе до подобри резултати, односно да го направат тоа што сакате.

2. Повторувајте ги работите што ги зборуваат луѓето

Повторувајќи ги работие што луѓето ги кажале им влевате доверба дека го слушате тоа што го зборуваат. Сето тоа влијае на подобрување на комуникацијата и влевање на доверба кај соговорникот.

3. Побарајте повеќе отколку сакате

Кога ќе побарате повеќе пари отколку сакате или било што друго, најверојтно ќе ве одбијат. Кога ќе се вратите и ќе побарате помалку, другата личност ќе се почувствува лошо и ќе и ви го даде тоа што го сакате.

4. Користете ги имињата на соговорниците

Луѓето обожуваат да ги слушаат сопствените имиња кажани на глас. Затоа кога зборувате, обраќајте им се со личните имиња и на тој начин ќе се доближите до соговорникот.

5. Секогаш прво сослушајте го соговорникот

Слушањето е многу помоќно од говорењето. Кога му дозволуваме на соговоникот прв да се изрази, тогаш можеме да апсорбираме повеќе информации и да изградиме доверба. Сослушувајќи го соговрникот ќе покажеме дека ни е грижа за неговото мислење, за потоа да успеете да го убедите да го направи тоа што го сакате.

6. Ласкањето се исплати

Луѓето со голема самодоверба сакаат останатите тоа да го забележат и да го ценат. Меѓутоа, ласкањето мора да биде искрено, затоа што во спротивно негативно ќе резултира.

7. Побарајте услуги од луѓето кога се уморни

Кога ќе побарате услуга од некој што е уморен, најверојатно извршувањето ќе го презакаже за утрешниот ден. Но, мислата на ветениот збор ќе биде присутна и сигурно ќе го одржи ветувањето.