Секогаш свртени кон тебе!

19

moznosti

Ви ги предлагаме кредитните продукти на Штедилница Можности наменети за индивидуални земјоделски производители и мали земјоделски фирми!

Средствата ги добивате во просек за 3 дена од апликацијата.

Се работи за кредитни продукти кои ги задоволуваат сите потреби на овие потенцијални кредитокорисници за основни средства (набавка на основно стадо, земјоделска механизација, изградба и проширување на шталски капацитети), за обртни средства (репроматеријали) и за лични и семејни потреби.

Кредитите се наменети за кредитоспособни индивидуални земјоделци и мали земјоделски фирми кои се занимаваат со примарно земјоделско производство и трговија со земјоделски производи.

Износот на кредитите е до 50.000 евра за физички и правни лица.

Рокот на враќање зависи од износот и намената на кредитот и може да изнесува максимум до 60 месеци.

Годишната каматна стапка започнува од 7.636% (6% преку ЗКДФ кредитната линија).

Трошоците на кредитот се манипулативен трошок кој започнува од 1%, месечна провизија за управување која започнува од 0,189%, меница од 500 денари и интеркаларна камата, зависно од денот кога се реализира кредитот.

Отплатата може да се врши со еднакви месечни рати или со променлив план на отплата, согласно сезоналноста на дејноста на клиентот.

Со цел воспоставување на долгорочна соработка со клиентите, воведен е Рамковен кредитен производ каде што физичките и правните лица земјоделци можат да користат средства по потреба во период од 5 години. Обезбедувањето за овој Рамковен кредитен производ е без хипотека на недвижен имот, врз основа на гаранти – физички лица. Дополнително, при одобрувањето на земјоделски кредити, за обезбедување се прифаќа и хипотека на недвижен имот во руралните средини.

Апликацијата за кредит и личното советување на клиентот не се наплаќа.

Дополнително, правните и физичките лица немаат обврска да вршат промени во нивната трансакциска сметка, односно средствата се префрлаат во банка по избор на корисникот на кредитот.

Исто така, штедилницата нуди и депозити за физичките и правните лица кои се занимаваат со земјоделие, како и за нивните деца и семејства по исклучително поволни услови.

Сите заинтересирани можат да аплицираат за кредит во сите експозитури на штедилницата, како и на веб-страницата www.moznosti.com.mk.