Секој ден од Хрватска заминува по еден лекар

81

lekariВо јули, веднаш по влегувањето на Хрватска во Европската унија, од земјата си заминале 36 лекари, најмногу во Германија, Велика Британија и скандинавските земји. Ова многу ја загрижува Хрватската лекарска комора затоа што во хрватското здравство недостигаат најмалку 1.200 специјалисти. Доколку продолжи ваквиот тренд, за една година од Хрватска би заминале онолку лекари колку што дипломираат на медицинските факултети, пишува Лидер. Но, ако се земе во предвид дека секоја година во пензија заминуваат 450 лекари, за толку хрватското здрвство ќе биде во дефицит.

Така староста на специјалистите ќе се зголемува, а веќе сега преминува 55 години. Поради тоа во системот работат преку 500 лекари постари од 65 години, а некои се постари и преку 70 години. Општо, просекот на сите здравствени работници во Хрватска е 49 години.

“За жал, ние образоваме лекари, а потоа најдобрите ги пуштаме да заминат од Хрватска. Тоа е интелектуална загуба што не може да се надомести и овој тренд мора под итно да се запре. Во спротивно, ќе мораме да увезуваме лекари, што сигурно не е добро”, вели деканот на загрепскиот Медицински факултет, академик Давор Миличиќ.