Секој ден се фрлаат 1,5 милиони тони лична заштитна опрема

22

Коронавирусот на некој начин ќе исчезне, но зад себе ќе остави отпад што тешко може да се рециклира, велат експерти за заштита на животната средина за грчкиот весник Kathimerini.

Секојдневно се создаваат 1,5 милиони тони отпад од лична заштитна опрема за еднократна употреба – маски, ракавици и слично.

И покрај сите напори да се ограничи употребата на пластика, глобалниот пазар на пластична амбалажа ќе достигне 1,02 милијарди долари, во споредба со 900 милиони долари во 2019 година.

За зголемување на отпадот, како што наведуваат експертите, не е виновна само заштитната опрема, туку и пластичниот прибор за јадење што се користи во многу ресторани, како и еднократната пластична амбалажа за онлајн достава.

Друг проблем, според нив, се еднократните домашни тестови за коронавирус коишто може да бидат голема опасност за човековото здравје.

Фото: Pexels