Идна мајка пратила имејл до CoorDown, италијанска национална организација за луѓе со Даунов синдром, затоа што дознала дека нејзиното неродено дете го има ова пореметување и се плаши каков ќе му биде животот. Наместо одговор по мејл, мајката доби емотивно видео кое дава одговор на нејзиното прашање.
Агенцијата Saatchi & Saatchi Италија ова видео го подготви по повод 21 март, Светскиот ден на луѓе со Даунов синдром. Целта на видеото е да се промовира културата на различност и интеграција во општеството, особено во училиштата и на работа.