Секој од нас лани создал 452 килограми отпад

21

Вкупното количество на создаден комунален отпад во Република Северна Македонија во 2020 година изнесува 913.033 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2020 година изнесува 452 килограми по жител, што е за 1% помалку од истото количество во 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупното количество на собран комунален отпад во Република Северна Македонија во 2020 година изнесува 630.086 тони. Споредено со 2019 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2020 година бележи намалување од 0,4%.

Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион – 170.660 тони или 27,1% од вкупното собрано количество во Република Северна Македонија. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 522.954 тони или 83% се собрани од домаќинствата, а останатите 17% од правни и физички лица (комерцијален отпад).

Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад – 525 745 тони или 83,4%, а најмало количество отпадот од гума – 1.005 тони или 0,2% од вкупното количество собран комунален отпад.

Најголемото количество на собран комунален отпад (99.8 %) се исфрла на депонија.

Фото: Pexels