Секој петти вработен работи на “црно“ во оваа земја

40

Од вкупниот број на вработени во Србија, секој петти работи “на црно“, односно 80.000 лица работа во градежништво, бармени, келнери, бебиситерки, чистачки и слични професии, соопшти Националната алијанса за локален економски развој, пренесува Бета.

“На црно“ најмногу работат во земјоделие, туризам и угостителство (15,1%) и градежништво (11,3%), додека на домашни и помошни работи секое второ лице работи без договор и без право на пензиско осигурување и заштита од повреда на работа.

Најчеста причина поради која работодавачите не ги пријавуваат вработените се високите трошоци, комплицираната процедура и недоволно флексибилниот начин на договарање.

Неформалното вработување е еден од клучните генератори на сивата економија. Во Србија една третина од неформално ангажираните луѓе работат помалку од три месеци, секој петти работи до шест месеци, а само 16% се ангажирани до една година.

Фото: Pixabay