Секој проблем и секој успех е НАШ

91
Цветан Марковски, директор на Аутодизел ДОО - Скопје
Цветан Марковски, директор на Аутодизел ДОО - Скопје
Цветан Марковски, директор на Аутодизел ДОО – Скопје

Добрата страна на нашиот бизнис е што производите што ги нудиме на пазарот немаат краток рок на траење, не се расипуваат, а и не се менуваат како модата, па единствен фокус на нашите вработени е како побрзо да ги услужат нашите клиенти

БИ: Кога е основана Аутодизел, кои се почетоците на фирмата?

Пропаѓањето на големите гиганти во Република Македонија, покрај многубројните лузни што ги остави во нашето стопанство, придонесе за еден мој смел чекор, за кој сигурно немаше да се решам во други околности. Така во едно од најтешките времиња на македонскиот пазар, мојата фамилија ме охрабри да основам мал сопствен бизнис и таа 1994 година се роди фирмата Аутодизел. Во овие неполни 20 години преживеавме многу промени во ресурси, локација, капацитети, но она што остана непроменето е нашата слога и желба за успех. Така денес од мал семеен бизнис со двајца вработени, прерасна во компанија со седум вработени, три службени возила и сопствен простор од 1000 м2, што секако покажува дека имаме континуиран раст во бизнисот, од образование, стручност, професионализам, посветеност и слично.

БИ: Која е дејноста на фирмата и со кого се соработувате?IMG_1494

Фирмата Аутодизел ДОО – Скопје е трговско претпријатие специјализирано за трговија со резервни делови за товарни возила, автобуси и земјоделска механизација. Располагаме со резервни делови за широк спектар на возила, од типот на Мерцедес, МАН, ФАП, ТАМ, Перкинс, ДАФ, ИМТ, Волво и многу други. Покрај трговијата со резервни делови, фирмата се занимава и со извоз на македонски производи на странските пазари. Ексклузивни застапници сме на производните програми на НПР- Европа од Германија, Петар Драпшин, Кобест, Далмик, Аутовентил, Аего од Србија и многу други.

Во Македонија, да не ги набројувам, но соработуваме речиси со сите градежни и транспортни организации, земјоделски комбинати и со многу индивидуални превозници.

БИ: Колку е тешко да се води еден ваков бизнис? Кои се добрите страни на фамилијарниот бизнис?

Добрата страна на нашиот бизнис е што производите што ги нудиме на пазарот немаат краток рок на траење, не се расипуваат, а и не се менуваат како модата, па единствен фокус на нашите вработени е како побрзо да ги услужат нашите клиенти. За таа цел покрај квалитетот за кој веќе сме докажани на пазарот, голема улога имаат и специјализираноста на комерцијалистите кои успешно можат да го предвидат движењето на пазарот, што како задача воопшто не е за потценување. Во фамилијарниот бизнис се е поинаку, за разлика од вработените во друга организација. Многу често можеш да не работиш до 16 часот, но сигурно почесто се работи и по 16 часот.

Во овој бизнис и секојдневните обврски се дел од нашето секојдневие, па и во неделните семејни ручеци се разговара за работата. Добро е што имаме лојална средина каде секој секому му е на располагање во секое време и оние вработени кои не се дел од фамилијата се секако дел од нас.

Сите проблеми и предизвици не направија уште посложна фамилија и секој проблем и успех е НАШ!

IMG_1760

БИ: Каква е организационата структура во Аутидозел?

Јас сум се уште директор на фирмата и сум задолжен за најбитните работи како стратегиско планирање, стратегиско финансирање и организационата структура внатре. Мојата сопруга и мојата ќерка се ангажирани за финансискиот дел од работата, додека пак зетот и останатиот дел од тимот на вработени се вклучени во комерцијалниот дел, во набавката, продажбата и доставата.

Тоа што ќерката и зетот се целосно ангажирани во работењето на фирмата повеќе од 10 години и нивната посветеност кон работата и желбата за успех ми дава надеж дека ќе успеат да го задржат реномето на фирмата кое јас успеав да го изградам, дури и да го подигнат на повисоко ниво.

БИ: Како се снаоѓате во однос на конкуренцијата на пазарот?

IMG_1766Во однос на конкуренцијата, се справуваме со квалитетни производи, пониски цени и брза и ефикасна достава до сите купувачи. Ако купувачите веќе имаат соработка со нас повеќе од 18 години, тоа ни дава за право да мислиме дека сме подобри во однос на конкуренцијата. Перманентно се трудиме да го задржиме тој тренд со обезбедување на најнова техничка документација, со посетување на саеми и сите можни други контакти со најреномираните светски производители, а се во интерес на задоволство на нашите купувачи.

БИ: Кои се идните очекувања и планови на компанијата?

Во овие тешки економски времиња, немаме некои преголеми планови и очекувања, барем не во блиска иднина. Она што го очекуваме навистина е една економска стабилизација, зголемување на прометот и побрза наплата на побарувања. Очекуваме секоја наредна година да биде барем за нијанса подобра од претходната.