Секој Србин во просек должи по 836 евра

10

evraГраѓаните на Србија на крајот на 2013 година на банките и лизинг компаниите им должеле по 836 евра по глава на жител, изјави генералниот секретар на Здружението на банкари на Србија, Верољуб Дугалиќ, јавува Танјуг.

Од таа сума, долгот кон банкарските кредити бил 749 евра, по основа минуси на кредитни картички 47 евра, а по основа на лизинг договори шест евра.

На крајот на 2012 година, задолженоста по глава на жител во Србија била 814 евра.

Вкупната задолженост на граѓаните и стопанството на Србија по банкарски кредити е намалена за 5,1% во 2013 година.

Зборувајќи за нивото на ненаплатливи кредити, Дугалиќ изјавил дека по решавањето на проблемите со поедини државни банки ситуацијата се подобрила, така што учеството на овие кредити во стопанството е намалено од 31% на околу 27%.