Секој втор Бугарин смета дека работата му штети на здравјето

71

rabota

Со вакво мислење се скоро 1,5 милиони лица или 51,6 % од сите вработени, покажува анкетата на Националниот институт за статистика (НСИ), пишува Труд.

Најчести фактори за болестите се неудобните работни пози и движења и ризикот од несреќа.

Над 376.000 испитаници тврдат дека на работното место се изложени на фактори кои можат да влијаат негативно врз менталното здравје. Тука главен ризик е стресот од роковите или преоптоварување со работа. Други причини кои ги наведуваат мал дел од вработените се малтретирање и груб однос.

Над 380.000 Бугари имале болест предизвикана од моменталната или од претходната работа. Поплаките најчесто се поврзани со болки во коските, зглобовите и мускулите или проблеми со срцето.

Според анкетата, на работно место во 2013 година се повредени 12.100 лица, а над 70% од нив се мажи.

НСИ за прв пат спроведува ваква анкета.