Секој втор жител на земјава има Facebook

10

Македонија е земја со нешто над два милиони жители. Од нив 1,5 милиони или 76,3% користеле интернет, а 1.000.000 имаат свои профили на Facebook. Ова го покажуваат податоците на Internet world atlas, заклучно јуни оваа година. Според податоците, интернет корисниците од земјава сочинуваат 0,2% од вкупниот број на корисници во Европа.

Од земјите во регионот, лидер е Хрватска. Во оваа земја од нешто над четири милиони жители, 3,7 милиони се интернет корисници, а 1,8 милиони имаат Facebook. Следна е Босна и Херцеговина со 80,8% интернет корисници од вкупната популација, додека пред нас е и Словенија со 79,9% интернет корисници. Зад нас во регионот се: Албанија (73,5%), Србија (72,4%), Грција (70,3%) и Бугарија (66,7%).

Во светот, лидери според бројот на интернет корисници се: Кина (829 милиони), Индија (560 милиони), САД (над 292 милиони), Бразил (над 149 милиони) и Индонезија (над 143 милиони).

Проценките велат дека во светот живеат околу 7,7 милијарди жители од кои 4,5 се интернет корисници. Гледано по континенти, најголем број интернет корисници живеат во Азија (од 4,2 милијарди жители – 2,3  милијарди се интернет корисници), а најмалку во Австралија (од 41,8 милиони жители, 28,6 се интернет корисници). На стариот континент има околу 829 милиони жители од кои 727,5 милион се интернет корисници, што е 87,7% и во исто време најголем процент во светски рамки.

Фото: Pixabay