Секој жител на земјава лани создал по 412 килограми отпад

20

Фото: Pixabay

Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2018 година изнесува 412 килограми по жител, што е за 8,6% повеќе од истото количество во 2017 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупното количество на собран комунален отпад во Република Северна Македонија во 2018 година изнесува 625.386 тони. Споредено со 2017 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2018 година бележи намалување од 1,6%.

Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион – 166.029 тони или 26,5% од вкупното собрано количество во Република Северна Македонија. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 509.002 тони или 81% се собрани од домаќинствата, а останатите 19% од правни и физички лица (комерцијален отпад).

Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад – 535.604 тони или 85,6%, а најмало количество отпад од гума – 673 тони или 0,1% од вкупното количество собран комунален отпад.

Вкупното количество на создаден комунален отпад во Република Северна Македонија во 2018 година изнесува 854.865 тони.

Најголемото количество на собран комунален отпад (99,5%) се исфрла на депонија.