Селекција на менаџери и вработени во НПО (3)

100

selekcija-3

Фото: Pixabay

Главно интервју

Интервјуто е многу важен метод во селекцијата и фактор кој игра голема улога при носење на одлука за избор на кандидат за вработување и понуда за вработување, од страна на организацијата, но и за кандидатот кој ќе одлучи дали понудата ќе ја прифати или не.

Интервјуто, како метода за селекција на кадар, е применувана речиси секогаш во секоја процедура и за секое ниво на работна позиција, треба да овозможи „пречистување“ на изборот на кандидатите на само неколку (понекогаш и на само едно лице). На нив би им се понудила пробна работа, како последен чекор пред вработувањето.

Една од главните цели на интервјуто е да се објаснат информациите кои во претходните чекори на селекцијата биле собрани, како што се тестовите, формуларите и евентуално препораките, како и да се приберат повеќе информации за кандидатот.

Генерално, со секое интервју оценувачот на интервјуто се обидува да открие дали кандидатот за менаџерска позиција може да ги прави една од овие работи:

1

Видови на интервјуа

Структурирано интервју

Овој вид на интервју се прави врз основа на однапред дефинирано сценарио или листа со прашања кое се заснова на темелна анализа на работата. Преку користење на ова сценарио или прашалник, оценувачот на интервјуто ја задржува контролата над интервјуто со цел сите клучни информации за кандидатот да бидат темелно и систематски опфатени. Голема предност на овој вид интервју е што обезбедува ист вид на информации од сите интервјуирани кандидати и овозможува систематско покривање на сите прашања кои се сметаат суштински за организацијата. Овие интервјуа не мора да имаат ригидна и стриктна структура, што значи дека не мора сите прашања буквално и по истиот редослед да бидат прочитани, а оценувачот на интервјуто може со дополнителни потпрашања да добие појаснување на дел од одговорите. Преку овој вид интервјуа, различни оценувачи на интервју кои паралелно интервјуираат повеќе кандидати можат да постигнат споредба на резултати и конзистентност при интервјуирањето.

  • Биографско интервју – ова интервју дава рамка на претходните искуства на кандидатот и се фокусира врз хронолошката оценка на минатите искуства.
  • Бихејвиористичко интервју – кај овој вид интервју, кандидатите ги објаснуваат своите претходни работни искуства и менаџирање на проблеми. Целта е преку анализа на минатото однесување да се проектира идното однесување и активности така што да се процени како кандидатот би се вклопил во новото работно место. Овој вид на интервју бара обука на оценувачите на интервјуто.
  • Интервју за компетентност – се заснова на изработен профил на компетентност што претставува листа на клучните компетенции за работното место кои понатаму се користат како метод за анализа на одговорите на кандидатите.
  • Ситуациско интервју – се темели на анализата на работното место и содржи прашања за тоа како кандидатот би се справил со потенцијална работна ситуација. Ова интервју често се практикува поради неговите прогнозерски карактеристики, униформноста и прецизноста. Во некои од варијантите на ова интервју може да се користи и интервју на студија на случај при што кандидатот треба да дијагностицира и да понуди решение за конкретен предизвик со кој се соочува организацијата.
  • Интервју за вклопување во постоечкиот тим – овој вид на интервју се фокусира да определи како кандидатот ќе се вклопи во веќе постоечкиот тим и дали неговите карактеристики се компатибилни со карактеристиките и разновидноста што се бара од тимот. На пример, ако во тимот фали перфекционист – интервјуто се фокусира на откривање дали кандидатот е таков или не.

Неструктурирано интервју

Овој вид на интервју нема однапред подготвена листа со прашања и најчесто користат отворени прашања од видот на „Кажете ми нешто повеќе за вашата претходна работа?“. Овој вид на интервјуирање има многу недостатоци како што е немањето на систематско покривање на потребните информации и преголема лична субјективност на лицето кое го води интервјуто. Од друга страна, овие интервјуа овозможуваат порелаксирана атмосфера за време на интервјуто.

Недирективно интервју е еден вид на неструктурирано интервју при кое оценувачот на интервјуто првично поставува општи прашања за да се опише кандидатот, себеси и потоа ги развива своите прашања засновани на одговорите што ги дава кандидатот. Притоа, споредбата помеѓу повеќе кандидати е отежната поради уникатноста на секое интервју.

Стрес интервју

Овој вид интервју е дизајниран за да го стави кандидатот под притисок преку негостољубив и непријателски настроен став на оценувачот на интервјуто. Целта на ова интервју е да се пронајде личност која е премногу емотивна. Сепак овој вид интервју има доза на ризик да ги одбие кандидатите и тие да создадат непријатни емоции и ставови за компанијата.

Панел-интервју

Кај ова интервју, две или повеќе лица истовремено го водат интервјуто со еден кандидат. Панел-интервјуто може да биде структурирано или неструктурирано.

Групно интервју

Овој вид на интервју овозможува неколку кандидати во исто време да бидат интервјуирани преку групна дискусија. Групното интервју може да биде структурирано или неструктурирано.