Селските продавници ги победија супермаркетите во Франција

193

Она што до пред некое време изгледаше невозможно, пандемијата го направи возможно. Населението ги напушта скапите и загадени градови и ги открива убавините на животот на село. Тоа се случува во Франција, пишува Al Jazeera.

Доколку веќе треба да се работи преку интернет, многу жители на Париз се запрашаа зошто да седат во центарот на градот каде изнајмување на гарсониера чини многу повеќе од изнајмување куќа со голем двор, овоштарник и отворен простор на чист воздух во централна Франција.

Парискиот весник Mond прави живописна репортажа под наслов: Дури и со скромна плата тука може да направите нешто: Освета на селските продавници.

Репортерот на овој весник патувал со камион на компанијата Magne што по снег и замрзнат пад носи продукти за селската продавница во Сен Кроа Вале Франсез, каде живеат 272 жители.

Сопствениците Мариса и Давид ја купиле селската продавница пред пет години. Таа работела во супермаркет, а тој држел ресторан. И двајцата биле разведени и сакале да почнат нов живот. Купиле мала продавница иако многумина им советувале да основаат старт – ап – интернет фирма.

Пјер Бонефој, сопственик на транспортната компанија Magne вели дека ниту една банка пред 10 години не би му дала поддршка за деловниот план како неговиот – да  снабдува со прехранбени производи стотици мали продавници во рурални средини во Франција.

Денес, семејната компанија Magne испорачува продукти за 450 мали продавници, а вредноста на неговиот бизнис се зголеми од 16 на 23 милиони евра.

Фото: Pexels