Богатството на Дорис Фишер, која во 1969 година ја основаше со нејзиниот сопруг и нивните тројца синови, оваа година се намали за една милијарда долари, пишува Forbes.
Денес ова семејство има богатство од околу 7,3 милијарди долари. Како главна причина за намалување на богатството е намалување на вредноста на Gap за четири милијарди и сега изнесува 2,3 милијарди долари.
И покрај падот на вредноста на акциите за над 6%, членовите на ова семејство остануваат милијардери. Дорис Фишер располага со богатство од 2,4 милијарди долари, нејзиниот син Џон, кој е мнозински сопственик на бејзбол тимот Oakland A, има 2,5 милијарди долари, додека другите двајца браќа, Бил и Боб имаат богатство од по 1,2 милијарди долари.
Дорис и нејзиниот сопруг Дон Фишер ја основале компанијата Gap бидејќи никаде не можеле да најдат соодветни панталони за Дон. Поради тоа, собрале 63.000 долари за да ја отворат првата продавница во Сан Франциско. Компанијата го добила името по кратенката generation gap или во превод генерациски јаз, откако Дорис не ја прифатила идејата на нејзиниот сопруг – Панталони и ЦД-а.
Фото: Pixabay