Семинар Пан-Евро-Мед Конвенција

19

Согласно усвоената Програма на заедничкиот партнерски проект ЦЕФТА-ДИХК, Стопанската комора на Македонија денес организира семинар на тема Пан-Евро-Мед Конвенција.

Семинарот има за цел да ги подготви компаниите како подобро да ја разберат функционалноста на Пан-Евро-Мед повластената зона, користењето на преференцијално потекло, во функција на зголемување на конкурентноста на странските пазари, поголем профит и унапредување на своите деловни активности.

Предавач на семинарот ќе биде германскиот експерт Френк Гроскопф, од FTC GmbH (Foreign Trade Consult).

Семинарот е од особена важност за сите компании во Република Македонија кои се извозно/увозно ориентирани, бидејќи сите протоколи за правилата за потекло на стоките во рамки на договорите за слободна трговија (ЕУ, ЦЕФТА, ЕФТА и Турција) ќе бидат заменети со единствен протокол – Правила за потекло на стоки согласно Регионална конвенција за Пан-еуро-мед преференцијални правила за потекло.